Саливан: Заземањето на власта од страна на талибанците не е „најлошото сценарио“ за САД, Бајден стои зад одлуката

Американскиот претседател Џо Бајден стои зад одлуката за повлекување на американската војска од Авганистан, а хаосот што се случува по заземањето на власта од страна на талибанците не е „најлошото сценарио“ за САД, изјави денеска во утринска емисија на NBC Џејк Саливан – советник за национална безбедност на Бајден.

„Всушност, сметам дека најлошото сценарио за САД би било околности во кои ние ќе додаваме назад илјадници и илјадници војници да се борат и да умрат во граѓанска војна во Авганистан кога авганистанската армија не е спремна да се бори“, истакна тој, додавајќи дека тоа била алтернативата со која се соочил Бајден, пренесува МИА.

„Ако останевме плус уште една или уште две години, или уште пет години или уште 10 години, никаква добро спроведена воена обука или квалитетна опрема или потрошени пари или изгубени животи на САД не можеше да ја стави авганистанската армија во позиција да може да ја оддржува таа земја самостојно“, истакна Саливан.

Тој рече дека Бајден се соочил со „лош избор“, но дека стои зад изборот што го направи. Призна дека заземањето на Авганистан од талибанците е побрзо од очекуваното и за тоа ја обвини авганистанската армија затоа што немала „волја“.

Прочитајте и:  Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија

„Секако дека е изнанадување брзината со која градовите паднаа многу побрзо од очекуваното. На крајот од денот, наспроти факот дека ние потрошивме 20 години и десетици милијарди долари да набавиме најдобра опрема, најдобра обука и најдобри капацитети за авганистанските национални сили за безбедност, не можевме да им ја дадеме вољата и тие на крајот одлучија да не се борат за Кабул и да не се борат за земјата, а тоа отвори врата за талибаниците да влезат во Кабул многу брзо“, изјави Саливан подоцна од пред Белата куќа.

Тој стоеше зад оценката на Бајден дека падот на Кабул не бил неизбежен.

„Не беше неизбежен. Имаше капацитет да се дигнат и да се спротистават. Но тој капацитет не се случи“, рече Саливан.

- Реклама -