Саливан: САД не ја исклучуваат можноста да го нападнат Иран

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан синоќа изјави дека САД не ја исклучуваат можноста да го нападнат Иран, што укажува дека претстојат нови напади врз исламистичките милитанти во регионот.

– Ќе бидат преземени повеќе активности како одговор на … трагичната смрт на тројцата храбри американски војници, истакна Саливан во емисијата „Оваа недела“ на Еј-би-си алудирајќи на нападот со беспилотно летало во Јордан кон крајот на минатиот месец, при што загинаа тројца американски војници.

Тој додаде дека САД мора да се подготвени „за какви било непредвидени ситуации“.

И само би рекол, од гледна точка на Техеран, доколку одлучат директно да одговорат на САД, ќе добијат брз и цврст одговор од нас, нагласи Саливан.

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
- Реклама -