Салата со риба, грав и компир

Освен како традиционално јадење – во тавче или чорба, гравот може одлично да се комбинира и во разни специјалитети или салати.

За да ја направите оваа салата, ќе ви бидат потребни, следниве состојки:

250 г. компир

250 г. грав

4 кисели краставички

сол

бибер

250 г. риба

250 г. мајонез

50 г. маслинки

Подготовка:

Компирот, гравот и рибата згответе ги посебно и почекајте да се оладат.

Кога ќе се олади исечете ги на коцки. Исто исецкајте ги и киселите краставички и маслинките.

Посолете и побиберете по вкус, па додадете мајонез и добро промешајте ги сите состојки да се соединат.

Прочитајте и:  Црната пластика во кујната може да биде опасна за здравјето
- Реклама -