САД: Рускиот брод „Москва“ сѐ уште гори

Вашингтон, 14 април 2022 (МИА) – Оштетениот руски воен брод „Москва“ се уште се бори со пожарот, изјави неименуван американски официјален претставник, пренесува Си-Ен-Ен. Се верува дека бродот претрпел значителна штета и се упатил кон Севастопол на Крим.

„Нашата проценка е дека екипажот сè уште се бори со пожарот“, изјави американски официјален претставник.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека екипажот е евакуиран и дека се преземаат мерки за влечење на бродот назад до пристаништето.

Украина тврди дека го погодила бродот „Москва“ со проектил, додека Русија рече дека причината за пожарот сè уште „се утврдува“ и дека нема „отворен оган“ на бродот.

„Не можеме да потврдиме што ја предизвикало штетата на крстосувачот Москва. Ние веруваме дека бродот претрпел значителна штета. Наша проценка е дека екипажот сè уште се бори со пожар на бродот. Но, не знаеме колкава е штетата. Не знаеме ништо за евентуални жртви. И не можеме дефинитивно да кажеме во овој момент што ја предизвика таа штета“, рече американскиот претставник.

Прочитајте и:  Џо Роган: Бајден и Зеленски сакаат светска војна, Кличко му одговори - тоа е руска пропаганда
- Реклама -