САД подготвија две илјади војници за распоредување за поддршка на Израел

Американската војска одреди околу 2.000 војници да се подготват за потенцијално распоредување за поддршка на Израел, изјави неименуван американски претставник од Министерството за одбрана за „Фокс њуз“.

Тој посочи дека војниците не вклучуваат пешадија и ќе имаат задача да советуваат и обезбедуваат медицинска помош.

Војниците доаѓаат од сите единици на САД и не е предвидено да учествуваат во борбите. Војниците во моментов се стационирани на Блискиот Исток и надвор од регионот, вклучително и Европа, додадоа американски претставници.

МИА

Прочитајте и:  Француската брза железница мета на „координирани акти на саботажа“, непосредно пред отворањето на ОИ
- Реклама -