Во 2200 година во Финска ќе се роди последната русокоса на планетата,
открива канадскиот антрополог Питер Фрост. Тој додаде и дека бројот на
русокосите жени дотогаш полека но сигурно ќе се намалува, бидејќи делот
од човечката ДНК одговорна за таа физичка карактеристика полека
исчезнува.
Во 2200 година во Финска ќе се роди последната русокоса на планетата, открива канадскиот антрополог Питер Фрост. Тој додаде и дека бројот на русокосите жени дотогаш полека но сигурно ќе се намалува, бидејќи делот од човечката ДНК одговорна за таа физичка карактеристика полека исчезнува.
До ова откритие Фрост дошол сосема случајно, додека истражувал како е можно во Европа, за разлика од другите континенти, да постојат толку многу различни бои на очи и коса.
– Во Европа очите не се само кафени, туку и сини, зелени, сиви, додека косата е црна, кафена, златна или црвена. А делот од ДНК одговорен за русата коса е присутен се помалку – изјави Фрост.
– За детето да се роди со светла коса, треба да наследи два пара од светлиот ген, по еден од секој родител. За тоа да има темна коса, доволно е да наследи еден од темните генови, од мајката или од таткото – објасни генетичарот Бруно Дилапикола, директор на римскиот научен институт „Мендел“.
Освен што луѓето со темни коси се поспособни за преживување, русокосите ќе исчезнат и поради уште една причина. Имено, најмногу луѓе во наредните децении ќе се раѓаат во Африка, Азија и во Јужна Америка, каде што луѓето имаат потемен тен и коса. Статистички, помалку е веројатно дека некое дете таму ќе го наследи светлиот ген од родителите. Податоците, исто така, велат и дека во 2050 година во светот ќе има девет милијарди луѓе, кај кои ќе бидат застапени сите бои на косата, но русата ќе биде застапена во многу мал процент. Некои научни истражувања, како можна причина за исчезнување на русокосите, наведуваат и дека генот односно делот од ДНК одговорен за златните перчиња најверојатно исчезнал пред илјадници години и се уште не се знае како таа карактеристика денес се јавува кај два до четири отсто од светската популација. виа.