Рускоска го демантира „Инфомакс“ околу исказот на Камчев за Заев: Апсолутна дезинформација

По околу три часа во Советот на јавни обвинители, на седницата за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, каде обвинителката Вилма Рускоска, која го води случајот „Рекет“, соопштуваше информации за случајот и вмешаноста на „специјалната“ во истиот, во изјава за медиумите таа демантираше дека Зоран Заев е спомнат во сведочењето на Орце Камчев, во смисла на негова вмешаност. Премиерот е спомнат само еднаш, рече таа, во делот каде бизнисменот посочува дека за рекетот прво го известил токму Заев.

„Апсолутно станува збор за дезинформација од одредени медиуми“, одговори Рускоска, дополнувајќи дека ниту еден друг политичар не е споменат во сведочењето на Камчев, што е спротивно од изнесеното од новинарот и главен уредник на „Инфомакс“ – Александар Митовски, кој ја објави само првата страна од записникот, а останатото го презентираше наводно „цитирајќи“ го сведочењето на Камчев.

- Реклама -