Рускиот заменик гувернер на Херсонска Област загинал во сообраќајна несреќа

Рускиот заменик гувернер на украинската Херсонска Област, Кирил Стремоусов, денеска загинал во сообраќајна несреќа, соопшти прес-службата на регионалната администрација.

Сè уште не се објавени детали како се случила сообраќајната несреќа.

Смртта на Стремоусов ја потврди шефот на анектираниот Крим, Сергеј Аксјонов. Тој на Телеграм напиша дека Стремоусов беше „вистински борец“ и „руски патриот“.

Руските медиуми објавија дека Стремоусов загинал во сообраќајна несреќа на автопат помеѓу Херсон и Армијанск на Крим.

МИА

Прочитајте и:  Милер: Русија е таа што ескалира, политиката на САД за употреба на американското оружје од Украина не е променета
- Реклама -