Рускиот министер: Оваа состојба со коронавирусот ќе потрае уште најмалку осум месеци

Состојбата со коронавирусот во Русија ќе трае уште најмалку осум месеци, изјави денеска рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

„По мое мислење, не изгледа дека враќањето во нормала – концерти, летови, вообичаените професии и летувањата на какви што бевме навикнати – ќе се случи пред февруари следната година“, изјави тој, пренесува агенцијата Интерфакс.

Русија во моментов има повеќе од 667 илјади потврдени случаи на коронавирус, со што е трета во светот по бројот на заразени, зад САД и Бразил. Од Ковид-19 починати се речиси 10 илјади луѓе, вклучително и околу 500 медицински сестри, според официјалните статистики.

Како што стапката на заразени паѓа, повеќето руски региони по двомесечните карантини почнаа со ублажување на рестриктивните мерки, а Мурашко истакна дека носењето маски на јавни места е задолжително, со цел да се спречи ширење на заразата. Советуваше и маските да се менуваат на секои два часа, поради капличното ширење на вирусот.

Прочитајте и:  Русија ги брише талибанците од листата на терористи

„Заразата сѐ уште не може да биде целосно фармацевтски контролирана, па на носењето маски ќе му дојде крај дури кога ќе се развие вакцина или лек во кој сме 100% сигурни“, рече рускиот министер.

- Реклама -