Новите руски униформи, креации на врвен моден дизајнер, се причина за хоспитализацијата на голем број војници. Според роднините на оние војници кои завршиле во болница униформите се премногу тенки за зимските услови во Русија.
Според еден руски весник, помеѓу 60 и 250 војници морале да бидат хоспитализирани за сè од обична настинка до пневмонија поради големиот пад на температурата во северниот дел од земјата. „Тие буквално се како голи кога се надвор“ рекла мајката на еден од војниците „Мнгогу од нив завршија во болница, нашиот има пневмонија“ изјавила таа.
Претставници на руското министерство за одбрана признале дека добиле жалби за униформите, но рекле дека жалбите пристигнале премногу доцна за министерството да може да реагира пред почетокот на зимата. Генералот Николај Макаров рекол: „Изгледа дека сево ова е поради нашата бавна реакција.“
Овие нови униформи се дизајнирани од Валентин Јудашкин, и нивната парадна верзија првпат беше претставена на 9 мај 2008. Парадната верзија е украсена со злато и има по остри линии, црпејќи инспирација од царската армија. Секојдневната верзија на униформата е полесна и има лесни но потенки чизми. Првата руска пост-Советска униформа била дизајнирана во деведесетите, но била непопулрана меѓу офицерите кои се жалеле дека во неа изгледаат како да служат во армија од Третиот Свет. [Russia’s chic uniform ‘sends soldiers to hospital’]