Руски тенкови во близина на Киев, Украинците во исчекување на најтешката борба

Украина очекува руските тенкови да го нападнат главниот град Киев денеска во текот на денот и тоа да биде, можеби, најтешкиот ден од војната, изјави советникот од министерството за внатрешни работи – Антон Герашченко.

Според него, бранителите на Киев се подготвени со анти-тенковски проектили добиени од странските сојузници.

Украинскиот заменик министер за одбрана исто така е согласен со проценката дека руските сили можат денеска да влезат во областите на самиот раб на Киев. Министерот додаде дека украинските армиски единици бранат позиции на четири фронта, и покрај тоа што, како што посочи, непријателските сили се побројни.

Воено лице исто така изјави дека украинските сили успеале да го одбијат напредувањето на руските трупи кај Чернигов. Тоа се совпаѓа со извештајот на украинското Министерство за одбрана, кое претходно објави дека украински падобрански трупи разнеле мост на реката Тетеров кај Иванков, на околу 50 километри северно од Киев, во обид да спречат руски конвој на пат кон престолнината.

Прочитајте и:  Подољак: Украина ќе престане да испорачува руска нафта и гас во Европа

Според американски официјални лица, руските механизирани сили кои кои влегле во Украина преку Белорусија се на само неколку километри од главниот град. Како што информирал американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, во телефонски разговор, овие руски сили се наоѓале на 32 километри од Киев, додека друг „руски елемент“, кој влегол преку Русија, е нешто подалеку, но и двата се упатени кон Киев со цел да го опсадат градот и да ја урнат владата.

Синоќа Зеленски, во обраќање до нацијата, рече дека очекува руски диверзантски да нападнат во Киев и дека тој е означен како мета број 1, додека неговото семејство е мета број 2.

„Тие сакаат политички да ја уништат Украина, уништувајќи го шефот на државата“, рече Зеленски, нагласувајќи дека и покрај тоа останува во Киев.

- Реклама -