Home 365 Денес Руски научник: Еве како знаеме дека Американците слетаа на Месечината, шестпати, не еднаш!

Руски научник: Еве како знаеме дека Американците слетаа на Месечината, шестпати, не еднаш!

0
Руски научник: Еве како знаеме дека Американците слетаа на Месечината, шестпати, не еднаш!

„Нема да најдете ниту еден космонаут (значи руски астронаут) да тврди дека Американците не слетале на Месечината. Тоа прашање не е спорно, а шпекулациите доаѓаат единствено од луѓе кои немаат никаква стручна врска со вселената“, вели Јуриј Костицин – директор на Институтот за аналитичка и геохемија при Руската академија на науки, во интервју за РИА „Новости“.

Во периодот од 1969 до 1972 година Американците имаа седум лунарни мисии, од кои шест успешни, две пред и четири по таа неуспешната на Аполо 13, вели Костицин, додавајќи дека мисијата „Аполо“ од својот почеток во 1961 година била следена од целиот свет, вклучително и СССР. Дури и да се занемари фактот дека да се исценира американско слетување на Месечината би било потешко и поскапо отколку навистина да се отиде таму, како и тоа дека би било невозможно да се сочува таква тајна, Костицин уверува дека Земјаните сепак можат да бидат сигурни дека Американците слетале на Месечината, бидејќи за тоа има докази.

„Невозможно е да се фалсификува лунарна земја“, вели Русинот, додавајќи дека Американците имаат донесено преку 150 килограми земја, и тоа пред сé базалт, која потоа е проучувана од научници од разни земји, меѓу кои и Германија, Франција, СССР…

Како што објаснува Костицин, и на Земјата има базалт, но неговиот хемиски состав, својствата и структурата значително се разликуваат од лунарниот. Парчињата донесени од Американците по староста се многу блиски до староста на Сончевиот систем, за разлика од Месечината и Земјата кои настанале отприлика во исто време. Причина што таквите камења не опстанале на Земјата се литосферните, т.е. елувијалните процеси – супстанцата која се формира на површината на Земјата непрекинато тоне во подземјето и таму се дроби што води до исчезнување на карпите.

На Месечината, меѓутоа, елувијалните процеси се различни, а се последица на соларниот ветар. Честичките на соларниот ветар постепено ги дробат лунарните карпи. Во издробена форма тие се нарекуваат регалит, а тој ја прекрива Месечината на многу места. Такво нешто не постои на Земјата, истакнува Русинот, додека Американците и тоа го имаат донесено за проучување.

Сомнежите во веродостојноста на снимките, пак, според Костицин е резултат на документарните филмови во кои Американците заради илустрација користеле студиски снимки.

Извор: Руска Реч (Russia Beyond на македонски)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here