Руската фотографка Марија Кожарова ги нарекува „првиот бран на косплејери“, барем кога се однесува на нејзината земја. Овие руски миленијалци се пораснати во време кога рускиот идентитет беше ослободен, без насока и без окови. Советскиот Сојуз се распадна, а интернетот беше во својот зачеток. Нацијата се преродуваше, а со тоа дојде и првиот бран на влијание од другата страна на океанот. Овие млади луѓе пораснаа гледајќи аниме на видео касети.
Кожарова ќе рече дека на почетокот не го „контала“ импулсот на облекување како замислени ликови, макар што посакувала да го разбере. Но, пет години откако нејзиниот пријател ја вовел во косплеј круговите, Марија сфаќа дека уметничката форма на косплејот е блиска до фотографијата: како и косплејерите, фотографите постојано нуркаат во сопствената имагинација и инвестираат часови и часови за да откријат нешто што претходно не било видливо.
За разлика од напредните суперхеројски костуми на младите на западот, во фото-серијата на Кожарова се гледа пионерството на руското косплеј движење и се забележуваат неискусните и неиспраксираните чекори на младите Руси, чекори типични за секој млад културен револуционер во зачеток. Постои осаменост во нејзините портрети, која алудира на раниот зародиш на движењето, но токму таа меланхолија ја спојува оваа мала група млади – тие се сами и без насока, но се сами и без насока заедно.