Руската амбасада „демантира“ дека ни се токми нaпaд од Русија

Не успеа да го испровоцира кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, но успеа да ја испровоцира Амбасада на Руската Федерација во земјава. Зборуваме за Саше Ивановски, ака. Саше Политико, кој на својот портал „Мактел“ објави дека „Пендаровски предупреди од руски напад“, повикувајќи се на кажаното на пресот на Пендаровски по завршувањето на првата конститутивна седница на Советот за безбедност:

„Република Северна Македонија во наредните 40 до 50 дена влегува во еден период кој може да биде турбулентен и од политички и од безбедносен аспект, затоа што во наредниот период очекуваме завршување на неколку битни ратификации во однос на нашето НАТО членство и во средината на следниот месец очекуваме одлука на Европскиот Совет за отворање на пристапните преговори со Европската Унија“, рече Пендаровски.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

И додека од кабинетот на претседателот не реагираа на сензационалистичкиот наслов на Ивановски, Руската амбасада својот став го соопшти на Твитер:

„Најнова параноична измислица од Мактел. #Русофобија пуштена на најјако“, порачаа од Амбасадата. Ова наиде на разочарување кај дел од твитерџиите, кои им забележаа на Русите што воопшто му придале значење на Саше Политико.

- Реклама -