Русите уништиле пет украински борбени авиони СУ-27 на аеродормот Мирхород

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нивните ракети „Искендер –М“ уништиле пет украински борбени авиони СУ-27 и оштетило уште два на аеродромот Мирхород, во Полтавската област во Украина.

Министерството објави и видео од нападот, на кое се гледа како чад и оган се креваат од украинскиот аеродром.

„Како резултат на рускиот напад, уништени се пет активни повеќенаменски борбени авиони СУ-27, а два се оштетени“, соопшти Министерството.

Русија ги гаѓа украинските аеродроми токму во моментот кога Киев се подготвува да го прими првиот американски авион Ф-16 кој Москва вети дека ќе го уништи.

Прочитајте и:  Шолц повтори дека Германија нема да стане дел од војната во Украина
- Реклама -