Русите измислија авион што не се урива

Дали новото решение ќе го направи летањето најбезбедниот начин да се патува? 

Рускиот воздухопловен инженер Владимир Николаевич Татаренко претстави нов дизајн за авион, кој дава можност за опстанок на патниците при судар.

Тој се состои од подвижна кабина, која има можност да биде исфрлена заедно со патниците при евентуален проблем со машината.

1(1796)

Кон нејзиниот покрив се прикачени падобрани кои се ослободуваат кога кабината ќе се оддели од авионот. За да биде приземјувањето полесно, таа ќе се слета на гумени цевки што ќе бидат клучни за опстанокот на патниците, дури и во случаи на евентуално слетување во вода. Прототипот вклучува и место за складирање под кабината, за патниците да не ги изгубат своите лични предмети.

4(1594)

„Додека инженерите во целиот свет се обидуваат да ги направат посигурни авионите, тие не прават ништо за човечкиот фактор“, вели Николаевич.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

Тој тврди дека 95% проценти од патниците кои лично ги анкетирал, се согласуваат да плаќаат повеќе за авионски билети, ако монтажната кабина стане нивна стандардна функција.

6(1171)

Не секој сепак се согласува со оваа идеја. Некои луѓе се сомневаат во ефикасноста на трошоците, додека други се прашуваат дали прототипот навистина може да слета безбедно, без да се пробие во планина или зграда, а трети пак ги интересира што ќе се случи со пилотите. Новиот дизајн исто така може драматично да ја ослабне конструкцијата на авионите, сметаат експертите.

2(1922)

Сепак, прототипот на новото летало е тука, а дали ќе добие согласност за примена во реалноста, останува допрва да дознаваме.

- Реклама -