Русите имаат решение за загаденоста во Македонија

Алармантната загаденост во Македонија ги загрижи и амбасадорите од другите земји кај нас, што почнаа да бараат решенија.

Така, Амбасадата на САД твитна фотографија од состојбата во Скопје, со опис „Маглата во Скопје денеска беше толку густа што не можеше да се види ни амбасадата. Имате ли идеја за почист воздух во Македонија?“

Нивните колеги од Русија понудија експресно решение, наречено „турски тек“.

„Нашите пријатели од американската амбасада бараат идеи за загадувањето на воздухот во Македонија, а ние сакаме да помогнеме со решение. Турски тек“, напишаа на Твитер од Руската амбада.

Прочитајте и:  Загадувањето на воздухот во детството е директно поврзано со здравјето на белите дробови во зрелоста
- Реклама -