15-годишната Русинка, Алина Загитова го освои златниот медал во убетничко лизгање слободна програма. Таа стана најмладата носителка на злато на Олимпијадата, а воедно и на својата земја и го донесе првиот златен медал во Пјонгчанг.
Сепак Загитова не е најмладата носителка на злато во историјата на зимските олимпијади. Тој примат и припаѓа на Кореанката Ким Јун Ми која во 1994 година освои злато во брзо лизгање на возраст од 13 години и 85 дена.
Добриот настап на Русинките го надополни Евгенија Медведева освојувајќи го сребрениот медал.
Третото место и бронзениот медал се за Кетлин Осмонд од Канада.
Со беспрекорно лизгање и многу драматични елементи во својата изведба, Русинката Алина Загитова на само 15 години го освои европското злато во уметничко лизгање.