Лизгањето на мраз си има своја публика, но не е баш од оние спортови кои често стигнуваат меѓу главните вести во јавноста. Којзнае, можеби ако во миксот имаше и малку стриптиз…
Ох, па чекајте, баш тоа го направи руската лизгачка 21-годишната Елизавета Туктамишева. Таа изведе нешто што не сме имале можност да го видиме на натпреварите во уметничко лизгање. Почна облечена како стјуардеса, а заврши во градник, и колку и да звучи смешно очигледно, тоа ѝ донесе прво место на Гран При-то во Канада.
Сепак, иако главно доби пофалби, по социјалните мрежи некои и ја критикуваа и го осудија нејзиниот настап (потсетуваме, се работи за Канада). Главната поплака е дека се претставила себе си како сексуален објект. А кога Ким Кардашијан го слика газот таа е храбра и независна жена што самата одлучува што ќе прави со своето тело, нели…
Да беа паметни ова модерниве „феминистки“, ќе смислеа приказна дека Туктамишева баш тоа сакала да докаже – дека со стриптиз автоматски се освојува прво место и дека општеството сé уште е под прангите на патријархатот; а и песната „Toxic“ на Бритни Спирс, на која настапуваше Русинката, ќе ја поврзеа некако со „токсичната машкост“… Ама вака, уживајте во настапот: