Русин го предвидува крајот на Америка

Повеќе... Додека САД се соочуваат со економскиот колапс еден руски научник ужива во популарноста на сметка на тоа. Речиси една декада рускиот академик Игор Панарин тврдеше дека Америка ќе се распадне, но неговите предвидувања беа игнорирани… сé досега. Тој сега ги живее своите пет минути на слава со своите тврдења за пропаста на САД кои се доста популарни во руските медиуми. Еве што вели тој.


p1-ao116_ruspro_ns_20081228191715.gifДодека САД се соочуваат со економскиот колапс еден руски научник ужива
во популарноста на сметка на тоа. Речиси една декада рускиот академик
Игор Панарин тврдеше дека Америка ќе се распадне, но неговите
предвидувања беа игнорирани… сé досега. Тој сега ги живее своите пет
минути на слава со своите тврдења за пропаста на САД кои се доста
популарни во руските медиуми. Еве што вели тој.

Накратко, Панарин предвидува дека масовната имиграција, економскиот пад и моралната деградација ќе предизвикаат граѓанска војна идната есен и пад на доларот. Околу крајот на 2010, или на почетокот на јули, САД ќе се распадне на шест дела – при што Аљаска повторно ќе се врати под контрола на Русија.

Прочитајте и:  Иран со осуда за „дестабилизирачкото присуство“ на САД на Блискиот Исток по најавите за распоредување американски бомбардери и други сили

Калифорнија ќе формира едно јадро кое Панарин го нарекува „Калифорниска република“ и ќе стане дел од Кина или ќе биде под кинеско влијание. Тексас ќе биде срцето на Републиката Тексас, група на држави кои ќе бидат под Мексиканско влијание. Вашингтон и Њујорк ќе бидат дел од „Атлантската Америка“ која можеби ќе се приклучи на Европската Унија. Канада ќе присвои група на северни држави во она што Панарин го нарекува „Централна северноамеричка држава“. Хаваи, пак, сугерира тој ќе биде под протекторат на Јапонија или Кина, а Аљаска ќе и биде вратена на Русија. [As if Things Weren’t Bad Enough, Russian Professor Predicts End of U.S.]

- Реклама -