Русија: Протести против мобилизацијата, приведени над 100 демонстранти

epa10197274 Russian policemen detain a participant of an unauthorised protest against the partial mobilisation due to the conflict in Ukraine, in central Moscow, Russia, 21 September 2022. Russian President President Putin has signed a decree on partial mobilization in the Russian Federation, with mobilization activities starting on 21 September. Russian citizens who are in the reserve will be called up for military service. On 24 February 2022 Russian troops entered the Ukrainian territory in what the Russian president declared a ‘Special Military Operation’, starting an armed conflict that has provoked destruction and a humanitarian crisis. EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Москва, 21 септември 2022 (МИА) – Во Русија приведени и уапсени се најмалку 109 демонстранти, кои протестираат против мобилизацијата.

Во сибирскиот град Иркутск, според локалните активисти, приведени се најмалку десетина од 60-те демонстранти кои се собраа на централниот плоштад.

Во третиот по големина руски град Новосибирск, на видео објавено на социјалните мрежи, се гледа како демонстрант извикува: „Не сакам да умрам, Путин, ниту за тебе!“

Организатор на протестите е руското движење „Весна“ (Пролет), кое денеска повика на протести против мобилизацијата што ја најави претседателот Владимир Путин. На социјалните мрежи се објавени видеа од протести во источниот дел на Русија, во Новосибирск, Иркутск, Томск и други градови.

Прочитајте и:  Доналд Трамп помладиот: Воено-индустрискиот комплекс сака да почне Трета светска војна пред татко ми да стапи на функција

Московското обвинителство соопшти дека учеството во протести и недозволени „масовни настани“ е казниво дело што може да резултира со „до 15 години затвор“.

- Реклама -