Русија почна да користи тенкови Т-14 во Украина

Русија почна да ги користи своите нови тенкови Т-14 Армата за да ги гаѓа украинските позиции „но тие сè уште не учествувале во директни офанзивни дејства“. Руските подморници во Јапонското Море, пак, потопија лажна непријателска подморница во рамки на воените вежби, објавија денеска руските агенции.

Тенковите биле засилени со дополнителна заштита на крилата додека нивните екипажи биле подложени на процес на „борбена координација“ на местата за обука во Украина.

Тенкот Т-14 има купола во која не мора да има човек, но екипажот далечински го управува оружјето од „изолирана оклопна капсула лоцирана пред трупот“.

Тенковите на автопат можат да достигнат максимална брзина од 80 километри на час.

Прочитајте и:  Столтенберг: Светот стана поопасен, но НАТО стана посилен во последните 10 години

МИА

- Реклама -