Русија објави дека има борби во областа Белгород во близина на границата со Украина

Русија денеска извести за обновени борби во нејзиниот регион Белгород, кој е блиску до границата со Украина, јави ДПА.

-Украинските војници се обиделе да влезат во рускиот регион Белгород, но руските војници го одбиле нападот, соопшти Министерството за одбрана во Москва.

Кремљ соопшти дека до 195 војници биле убиени, а уништени биле пет тенкови и четири оклопни возила.

Во меѓувреме, независните руски медиуми укажаа на најавите на паравоените групи Руски волонтерски корпус и Руската легија на слободата, кои најавија напади врз регионите Белгород, Курск и Брјанск на социјалните мрежи утринава.

Претходно оваа недела тие направија уште еден пробив, но беа брзо одбиени, според официјалните руски извештаи.

Прочитајте и:  Зеленски: Во руски напад врз Полтава, во централна Украина, загинаа 41 лице

Набргу по најновите извештаи на вооружените групи, жителите на Белгород пријавија експлозии денеска наутро. Министерството за одбрана и гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, се осврнаа на нападите со беспилотни летала и ракети и рекоа дека тие биле одбиени.

Исто така, се споменуваше дека една жена е убиена, а неколку луѓе се повредени, наведува ДПА.

- Реклама -