„Русија не постои“… Украински експерти ги хакирале серверите на руската Дума и Уставниот суд

Кибер експерти на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина (ГУР) воспоставиле контрола врз веб-серверите на веб-страницата на руската Државна дума и Уставниот суд, пренесува Укринформ, повикувајќи се на извор од украинскиот разузнавачка служба.

– По повод официјалниот државен празник на Руската Федерација – Денот на Уставот, кој се одбележува денеска, кибер експерти на ГУР поставија транспарент на веб-страницата на Државната дума на Руската Федерација со порака „Русија не постои“, а веб-страницата на Уставниот суд на Руската Федерација беше блокирана и корисниците не можеа да пристапат до неа, пишува Укринформ.

Според изворот на украинската државна новинска агенција, кибер нападот врз овие руски веб-ресурси „целосно ја парализирал нивната работа и ги оневозможил серверите“.

Прочитајте и:  САД одобрија заем од 20 милијарди долари за Украина што ќе се враќа од запленетите руски активи
- Реклама -