Русија ја обвини Велика Британија за саботажата на гасоводите „Северен тек“ 1 и 2

Руското Министерство за одбрана денеска објави дека членови на британската морнарица минатиот месец го разнеле гасоводот Северен поток, директно обвинувајќи ја членката на НАТО за саботажа на клучната руска инфраструктура.

„Според достапните информации, припадници на единица на британската морнарица учествувале во планирањето, подготовката и извршувањето на терористичкиот напад во Балтичкото Море на 26 септември оваа година – минирање на гасоводите Северен поток 1 и Северен поток 2“, соопшти министерството, но не презентираше докази за јавноста.

Британското Министерство за одбрана засега до моментов не ги коментираше руските тврдења.

Извор: МИА

Прочитајте и:  Путин со обраќање до нацијата: Конфликтот доби глобален карактер
- Реклама -