Русија го забранува Brazzers

По забраната на PornHub и YouPorn, Русија забрани онлајн пристап до порно содржините на уште неколку познати порно сајтови, меѓу кои најзвучен е Brazzers.

Руското регулаторно тело за интернет (Roskomandzor) ваквата одлука ја оправда со изјавата дека Brazzers, PornHub и другите слични сајтови, со своето силно влијание, „ја нарушуваат човечката психа“.

Според The Moscow Times, Roskomandzor ја донело одлуката после долго размислување, но таа ќе стапи во сила веднаш. Одлуката ја спроведува судот задолжен за исполнување на препораките на ова тело, истиот суд преку кој претходно беа забранети и LinkedIn, PornHun, Pokemon GO и други интернет содржини.

Одлуката да се забрани Brazzers – заедно со PornHub најголемата база на порно содржини, доаѓа во момент кога пребарувањата на страната на руски јазик се удвоени, и кога уделот на рускиот пазар, макар и понатаму мал, е значително зголемен. Русија, така голема и бројна по бројот на корисници на интернет, и самата е безмалку рамна на Brazzers. На Русија ѝ отпаѓа околу 4% од вкупниот Brazzers сообраќај.

Прочитајте и:  Путин го покани Вучиќ да ја посети Москва
- Реклама -