Русија ги предупреди САД на ризикот од трета светска војна: Ако се случи, нема да влијае само на Европа

Ваква изјава, како што пренесува Ројтерс, денеска дал рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, порачувајќи оти Западот се обидува да ја ескалира војната во Украина и дека „бара проблеми“ со разгледување на барањата на официјален Киев за ублажување на ограничувањата за употреба на странско оружје

Официјална Москва порача дека Западот си игра со оган кога размислува да ѝ дозволи на Украина да погаѓа цели во внатрешноста на Русија со своите проектили и ги предупреди Соединетите Американски Држави дека Tретата светска војна нема да биде ограничена само на Европа.

Фото: EPA-EFE/Peter Foley

Ваква изјава, како што пренесува Ројтерс, денеска дал рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, порачувајќи оти Западот се обидува да ја ескалира војната во Украина и дека „бара проблеми“ со разгледување на барањата на официјален Киев за ублажување на ограничувањата за употреба на странско оружје.

„Уште еднаш потврдуваме дека играњето со оган, а тие се како мали деца кои си играат со кибрит, е многу опасна работа за возрасните чичковци и тетки на кои им е доверено нуклеарно оружје во една или друга западна земја“,

изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и додаде:

„Американците недвосмислено ги поврзуваат разговорите за третата светска војна како нешто што, не дај Боже, доколку се случи, ќе влијае исклучиво на Европа.“

На 6 август Украина го нападна западниот руски регион Курск и зазеде дел од територијата во најголемиот напад врз Русија од Втората светска војна. Рускиот претседател Владимир Путин рече дека ќе има соодветна реакција на нападот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно овој месец изјави дека нападот врз рускиот регион Курск покажал оти заканите на Кремљ за одмазда се блеф.

- Реклама -