Русија ги извади на виделина нафтените бизниси на Ердоган

Тензијата меѓу Русија и Турција не запира. Откако Кремљ не дочека извинување од страна на Ердоган за соборувањето на Су-24, ги изложи неговите лични интереси во енергетскиот бизнис.

putin-erdogan

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков навести дека семејството на Ердоган има сопствен интерес во трговијата со нафта.

„Знаете ли кој е новиот министер за енергетика во новата турска влада, формирана буквално пред неколку дена? Тоа е зетот на Ердоган. Тој е министер за енергетика. Јас само констатирам” , рече Песков во телевизиско интервју.

Станува збор за 37-годишниот Берат Албајрак, кој е оженет за една од двете ќерки на Реџеп Тајип Ердоган – Есра. Албајрак беше назначен за министер за енергетика во кабинетот на Ахмет Давутоглу дента кога се случи соборувањето на рускиот Су-24.

Тој додаде дека имал “одредени информации за заинтересираноста на синот на Ердоган во нафтениот бизнис”. Песков направи одредба дека “не знае колку оваа информација е детална”.

Изјавите на портпаролот на Кремљ доаѓаат неколку дена откако министерот за информации на Сирија – Омран Зоуби ја нафрли сопствената верзија дека турските воздухопловни сили го удриле рускиот Су-24 како одговор на уништени стотици камиони со нафта на “Исламска држава”.

Сирискиот министер најави дека стоката била наменета за фирма која припаѓа на синот на Ердоган.

Станува збор за Билал Ердоган, кој заедно со неговиот чичко Мустафа Ердоган е сопственик на компанијата MBZ Group Denizcilik. Компанијата се занимава со поморски транспорт на нафта.

На 26 ноември Владимир Путин ја обвини Турција дека купува нафта во индустриски количини од сириски територии кои се под контрола на идила.

- Реклама -