Медиумите велат дека Вејн Руни е ’гневен и збунет’ по изјавата на менаџерот Дејвид Мојс дека Англичанецот е втора опција за Робин ван Перси.
Подолго време се говори дека играчот не е задоволен од статусот на Олд Трафорд и сака да замине од Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок.
Новиот менаџер на ’Црвените Ѓаволи’, Дејвид Мојс во неколку наврати нагласи дека напаѓачот не е на продажба и порача дека Вејн Руни и следната сезона ќе го носи дресот на Манчестер Јунајтед.
Сепак, се чини дека односот помеѓу фудбалерот и клубот се заострува по изјавата на Дејвид Мојс дека го гледа Робин ван Перси како прв избор за нападот, а Вејн Руни како добра алтернатива за Холанѓанецот.
Речиси сите медиуми од островото пренесуваат дека Руни е ’гневен и збунет’ од ваквите коментари и токму ова им го ставил до знаење на лидерите на клубот.
Руни исто така бил разочаран и од коментарите на извршниот директор Ед Вудворд, кој истакна дека на нивната агенда нема планови за продолжување на соработката со напаѓачот, и порача дека тие се подготвени да остават играчот во целост да го одработи договорот.
Репрезентативецот на Англија е под договор со Манчестер Јунајтед до 2015, и се верува дека ваквиот развој на настаните го носи Вејн Руни чекор поблиску до заминување од Олд Трафорд.
Челзи се посочува како фаворит во трката за потписот на 27 годишниот Вејн Руни.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал