Руи Коста му дал две причини на Енцо зошто треба да го одбие Челси

Претседателот на Бенфика, Руи Коста разговарал со Енцо Фернандез и се обидел да го убеди да одбие трансфер во Челси, му дал две причини како и ветување за финансиска компензација.

Енцо Фернандез е желба на неколку клубови, се шпекулира дека Челси е подготвен да одвои 130 милиони евра за најдобриот млад фудбалер на мундијалот во Катар.

И покрај тоа што Бенфика може да заработи многу по само шест месеци, „орлите“ сакаат да го задржат фудбалерот барем до крајот на сезоната.

- Реклама -