Британскиот модел Рози Ханингтон Вајтли најави дека би можела да започне сопствена линија на долна облека по нејзината успешна соработка со Маркс и Спенсер.
“Сакам да соработувам со луѓе и да се впуштам во креативен начин на размислување за тоа што другите жени сакаат да го носат и како тие ќе го носат. Така ја замислувам мојата иднина“, вели 25-годишната Рози за ’Телеграф’.
Таа раскажува дека отсекогаш сакала да дизајнира облека, а колекцијата “Аутограф“ за Марк и Спенсер била најпродавана линија на оваа модна куќа.
“Се разбирам во долна облека оти ја носам професионално десет години. Научив како функционираат женските тела, научив како функционира моето тело. Мислам ако не сте научиле нешто за десет години, тогаш нешто не е во ред“, вели “Ангелот на Викторија“.
Доколку ѝ се оствари сонот, Рози ќе тргне по стапките на некои нејзини колешки од модните писти како Ел Мекферсон и Бар Рафаели кои имаат сопствени колекции.