Кристијано Роналдо е нервозен, несреќен и незадоволен, а причината за тоа очигледно се парите. Тој сака енормно зголемување на бруто платата во наредните години, со оглед на тоа што во Шпанија се зголемува и сумата што професионалните фудбалери треба да ја плаќаат за даноци.
Тој сега заработува нето плата од 15 милиони евра, што заедно со даночната стапка изнесува бруто сума од 18 милиони евра годишно.
Меѓутоа, според новите законски рамки во Шпанија, даноците ќе се зголемат од 24 на 52 отсто, па бруто платата што Реал Мадрид ќе треба да му ја исплаќа на Португалецот треба да изнесува неверојатни 31,5 милиони евра годишно, односно 605.000 евра неделна плата.
Најверојатно раководството на „Кралевите“ нема намера да одвои ваква огромна сума за платата на Кристијано Роналдо, па оттаму и неговото незадоволство.