Најк (Nike) на Роналдо му плаќа 7.9 милиони евра годишно за користење на неговиот имиџ и лик, а кон експертите на спортскиот маркетинг, договорот е доведен во прашање и раскинувањето на истиот.
Кристијано Роналдо лансирал линија на т.н. урбани обувки со свое лого CR7 што не го прифатиле најдобро Најк, кои имаат спонзорски договор со ѕвездата на Реал Мадрид, пишуваат шпанските медиуми.
Роналдо е една од главните ѕвезди на рекламите на Најк, позната американска компанија за спортска опрема која на Роналдо му плаќа за носење на нивните копачки, а португалецот влегол во нивен бизнис сегмент. Тој предизвика негативни реакции од Најк. Американците тој потег го толкуваат како некоректен и наводно му се заканиле со раксинување на договоро.
Најк му плаќа на Роналдо за користење на неговиот имиџ, а според експертите за спортскиот маркетинг, договорот е ставен во прашање и можен е ракин на истиот.
Според договорот, Роналдо е обвзан да носи облека и обувки на Најк, кое се коси со лансирањето на CR7 чевлите кои, патем, се рачно изработени во Гуимареш.
По ултиматумот на Најк, сепак дошло до договор. Роналдо ќе произведува обувки чија цена нема да биде под сто евра.
Роналдо веќе лансираше линија на долна облека со своето лого, кои пак се продаваат многу добро.