Роналдо: Никој не може да нè скрши, ќе се бориме за нашиот сон до крај!

Португалските медиуми утрово објавија дека Кристијано Роналдо се заканил со напуштање на кампот на репрезентацијата, по што стигна демант од Фудбалскиот сојуз на Португалија, а сега порака објави и самиот фудбалер.

Роналдо не му се заканувал на селекторот Фернандо Сантош дека ќе си замине поради минутажата, а и самиот фудбалер вели дека никој не може да ги скрши.

„Група која е толку моќна не може никој да ја скрши. Тимот ќе се бори за својот сон до крај. Верувајте во нас. Напред Португалија, напиша Роналдо.

Португалија во четвртфиналето на Мундијалот игра против Мароко во сабота од 16 часот.

- Реклама -