Роналдо е Роналдо и со 100 кила

Во неделата на Сантијаго Бернабеу се одигра ревијалниот „класик“ меч меѓу поранешните легенди на Реал Мадрид и Рома.

Меѓу најгласните овации беа тие за стариот добар (дебел) Ел Феномено. Иако денес е тежок повеќе од 100 кила и е многу побавен, (Луис Назарио де Лима) Роналдо покажа дека уште има пар потези од тие по кои сите ќе го паметиме. Публиката ја освои уште од првите моменти, и заслужено беше испратен со бурен аплауз.

https://youtu.be/lvgjDopZtH0

Првата плочка од патот до победата на Реал Мадрид од 4 – 0 ја поплочи Фернандо Мориентес, по убавото нафрлување од Роберто Карлос. Поарен не беше ни Луис Фиго, кој во стилот на Луис Фиго постигна гол од прекрасен слободен удар, за 2 – 0. Во 60-тата минута Мориентес уште еднаш погоди со глава за 3 – 0, а Рома ја докрајчи Колумбиецот Конго во 80-тата минута.

https://youtu.be/4NtFf0IBntQ

- Реклама -