Роналдо е разочаран од оние кои одбиваат да играат за Португалија


Напаѓачот на Ал-Наср и репрезентацијата на Португалија, Кристијано Роналдо ги критикуваше фудбалерите кои одбиваат да играат за националниот тим.

-Кога дојдов во репрезентацијата на 18 години, тоа беше остварување на сонот. Дури и по освоени толку многу трофеи, нема ништо подобро од тоа да играш за репрезентацијата, да ја претставуваш својата земја, културата, твоите пријатели, па затоа сум разочаран од некои играчи кои не сакаат да се натпреваруваат за Португалија, изјави Роналдо, цитиран од „Рекорд“.

Триесет и девет-годишниот напаѓач за репрезентацијата на Португалија настапува од 2003 година, а од 2008 година. е капитен на тимот.

На 215 натпревари со националниот тим, Роналдо постигна 133 гола, станувајќи најдобар стрелец на тимот, а запиша и 45 асистенции.

- Реклама -