Мит Ромни за подобра Амерсија!

Противкандидатот на Барак Обама на претстојните претседателски избори во САД, Мит Ромни, објави апликација за iPhone, во обид да се доближи до помладите гласачи. Но, ниту во најлудите соништа не можеше да го предвиди тоа што се случи.

Републиканскиот кандидат за претседател, Мит Ромни, заборавил да им каже на луѓето од својот табор дека треба да го проверат спелингот пред да ја објават апликацијата. Па така, корисниците на своите телефони добиле апликација со наслов: „За подобра Амерсија“.

Откако неколку корисници ја пријавиле грешката, од изборниот штаб на Ромни брзо ја коригирале, меѓутоа веќе беше предоцна – на Мит му се случи она што секогаш се случува кога ќе направите грешка на интернет – беше пародиран на 101 начин.

Прочитајте и:  Шикорски за ракетите со долг дострел против Русија: Тоа е јазик што Путин го разбира

- Реклама -