Ромелу Лукаку оди во Наполи


Напаѓачот на белгиската репрезентација, 31-годишниот Ромелу Лукаку од англиски Челзи се сели во италијански Наполи.

Лукаку минатата сезона ја мина на позајмица во Рома, а претходната во Интер. Белгиецот со потекло од Конго треба да го замени Нигериецот Виктор Осимхен во нападот на Наполи, за кого интерес покажаа неколку клубови.

Според медиумите, Наполи постигнал договор со Челзи за трансферот на Лукаку, со сума од 30 милиони евра плус клаузула од 30 проценти. Играчот треба да потпише тригодишен договор до 2027 година, со пријавена бруто плата од 12 милиони евра по сезона.

Ова ќе биде четврти пат Лукаку да игра во Италија. За Интер играше од 2019 до 2021 година, а откако се пресели во Челзи, мина уште една година на позајмица во миланскиот клуб (2022-2023). Минатата година беше на позајмица во Рома.

- Реклама -