Овој ролат можете да го послужите во придружба на кисело млеко и павлака.
Состојки:
4 јајца + јајце за премачкување
4 лажици брашно
1 дл. млеко
прашок за пециво
300 г. мешано мелено месо
мешавина од зачини
сол
1 кромид
масло
Подготовка:
1. Изматете ги јајцата и додадете брашно, млеко и прашок за пециво. Тестото убаво замесете го и истапкајте го.
2. На масло испржете го кромидот и додадете ги меленото месо, солта и зачините.
3. Динстаното месо, нанесете го на тестото, замотајте во ролна и премачкајте го со изматените јајца.
4. Ролатот печете го во рерна, згреана на 200 степени, додека на зарумени.