Иако како најдобар начин за отстранување на влакната често се споменува депилацијата, многу жени радо користат брич, бидејќи методот е поевтин, брз и не предизвикува болка.
Секој пат кога се нервираме поради влакнаа или раните по бричењето, се запрашуваме дали е време да го исфрлиме стариот брич и колкав е нивниот рок на траење.
Бричот би требало да се менува после секои 5-10 туширања ( зависно од тоа колку често се бричите), што испаѓа отприлика околу еднаш неделно. Кога ќе се собере, излегува дека тоа е поприличен трошок, а и не сте баш eco friendly.
Нормално, рокот се разликува кај различни лица.
Сите оние кои секојдневно го употребуваат жилетот или имаат посилни и погусти влакна, ќе забележат дека нивните жилети многу побрзо се уништуваат од оние кои на пример ги користат секој втор ден. За да избегнете исекотини, секогаш претходно нанесее гел или пена за бричење.
Затоа, штом ќе забележите дека бричењето не тече глатко, исфрлете го вашиот брич од тоалетот. Доколку почувствувате дека морате да притиснее посилно и тогаш е време да го замените со нов.
Совет за крај – Со цел бричот да биде подолготраен, држете го подалеку од тушот или кадата. Секогаш добро мијте го по користењето и оставете го да се исуши. Избричете се пред крајот на туширањето бидејќи топлата вода ќе ја омекне кожата и подобро ќе ве подготви за бричење. Потоа намачкајте ја кожата со масло, лесна крема или лосион за тело.