Родителите ко родители, горди на најновите фасцинантни достигнувања на нивните деца, одвај чекаат тоа да го споделат на друштвените мрежи. Меѓутоа, тоа може да биде опасно.
Овие наизглед невини слики лесно можат да паднат во рацете на некој странец што има намера да ги злоупотреби кога ќе ги најде на интернет, а наоѓањето е сé полесно благодарение на таканаречените хаштази.
Истите тие хаштази што родителите ги користат за да добијат повеќе лајкови и споделувања на нивните деца, ги користат и педофилите за пребарување на фотографии со деца. Најпребаруваните со задни намери се хаштазите од типот на #BathTime, #NakedKids, #ToiletTraining и слични.
„Родителите наивно споделуваат интимни слики од своите деца на друштвените мрежи, а немаат појма колку е лесно од истите да се направи скриншат или да бидат симнати од страна на сексуалните предатори, кои потоа тие слики можат да ги модификуваат (некогаш и во грозни содржина), злоупотребуваат и објавуваат на други сајтови“, предупредува Дејвид Анџело – претседавач со неколку организации за заштита на деца.
Според податоците на организацијата, голем дел од родителите во просек објавуваат по 1.500 фотографии од своето дете до моментот кога тоа ќе наполни 5 години.
Исто така, Анџело ги предупредува родителите да не ги користат алатките на друштвените мрежи кои ја откриваат локацијата (геолоцирање), бидејќи на тој начин педофилите и предаторите можат да откријат и каде се наоѓа детето.