Родила четири деца, а ниту еднаш не стигнала до болницата

Мирјана Ковачевиќ (27), од село Рсавци кај Врњачка Бања, има четири деца, а секое од нив е родено во „незгоден“ момент. Мирјана никогаш ја немала среќата да се породи во болница како што тоа го прават останатите родилки – две од своите четири деца родила на пат кон болница, едно во лифтот на породилиштето, а последното во автомобил.

Како што објаснува нејзиниот сопруг Бобан, кај Мирјана пораѓаите се неверојатно брзи и неочекувани. „Живееме на село и имаме доста работа. Секој пат, до последниот момент на пораѓање, таа беше на нозе, како да има уште еден месец до пораѓањето. Мирјана е феномен“, вели тој.

Porodjaj001[1]

Па, ништо поразлично не било ниту последното породување, пред 15-тина дена.

„Пред последното породување работев во бавчата. Почувствував дека е време и тргнавме со сопругот во породилиште, ама веќе на пат до Врњачка Бања ми пукна водењакот и стигнавме пред Здравствениот дом. Додека сопругот излезе да повика некој од Итна, бебето веќе се роди“, објаснува Мирјана.

Претходното дете, пред 3 години, Мирјана го родила дома, во текот на ноќта, иако детето било во карлична положба.

Инаку, Мирјана признава дека во секоја од бременостите, таа лесно и брзо се породила и никогаш не и биле потребни повеќе од 5 минути.

Мирјана и Бобан се родители на четири деца – Наталија (6), Теодора (5), Лука (3) и сега едномесечниот Огнен – сите живи и здрави деца.

- Реклама -