По шокантното реми на гостувањето кај Кристал Палас, Брандан Роџерс вели дека Манчестер Сити нема да го пропушти подарокот кој му го дава неговиот тим.Ливерпул пропушти водство од 3-0 против Кристал Палас, па сега само чудо може да им ја донесе титулата во Премиер лигата.
Пред две кола Црвените беа во пол позиција, но тимот на Роџерс освои само еден бод на дуелите против Челзи и Кристал Палас, па сега Манчестер Сити е огромен фаворит за трофејот.
Граѓаните на домашен терен ги пречекуваат Астон Вила и Вест Хем, потребни им се четири бода за да слават нова шампионска титула.
„Требаше да победиме на овој натпревар за да го оддржиме притисокот врз Сити” – вели Роџерс.
„Сега Манчестер Сити има два домашни натпревари, два тешки дуели, но нас ни беше потребна победа. Мислам дека Манчестер Сити ќе го добие нивните натпревари и ќе ја освои титулата”.
„За нас сепак ова е една исклучително добра сезона. 81 бод се одлично достигнување. Јасно е дека сме разочарани во моментов”.
„Сега е важно со добар натпревар на Енфилд да ја финишираме сезоната и да продолжиме да го развиваме овој тим”.
Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk