Робот контролиран од човечката мисла

Повеќе... Замислете си да имате робот кој можете да го контролирате со мислите. Не, ова не е првоаприлска шега:), токму таква направа која може да ги прочита мислите и според тоа да го контролира роботот е креирана во Јапонија.

Замислете си да имате робот кој можете да го контролирате со мислите. Не, ова не е првоаприлска шега:), токму таква направа која може да ги прочита мислите и според тоа да го контролира роботот е креирана во Јапонија.

article-1166046-04324c6d000005dc-4_468x333.jpg

Асимо роботот прави сè она што личноста која го носи шлемот за препознавање на мозочната активност го мисли во моментот, со задоцнување од само неколку секунди. Шлемот користи серија од сензори за да ги детектира мисловните шеми кои се анализираат и се емитуваат бежично кон хуманоидниот робот.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Производителите од Хонда велат дека во моментов роботот може да разбере само четири едноставни движења: на левата и десната рака, трчање и јадење. Прeтставник на Хонда даде објаснување за „оваа технологија“ која „користи EEG, што ги мери промените во електронскиот потенцијал на черепот и NIRS, кој ги мери промените на церебралниот крвен ток. Како резултат на тоа, станува возможно да се разликуваат активностите на мозокот со голема прецизност, без ниту едно физичко движење, само човечката мисла сама по себе.“

Целта на ова истражување е да се конструира робот кој во иднина ќе им помога на луѓето во домашните работи. [Honda creates a robot controlled by power of thought]

- Реклама -