Робин Лоли носи конфекциски број 16 и е горда на тоа. Првата Австралијка што се појави на насловна на Vogue скрши уште едно правило во модната индустрија како ново лице на линијата за долна облека на жени со облини.
– Воодушевена сум што ме избраа за заштитно лице и тело на брендот за долна облека Boux Avenue. Брендот се стреми да промовира слика за здраво тело, а нивниот широк спектар на големини го потврдува тоа – вели таа.
Робин не сака да се служи со зборовите „крупни манекенки“. Таа вели дека се чувствува нормално и убаво во својата кожа и смета дека етикетата „модели со полна фигура“ е несоодветна.
Дваесетитри годишниот модел од Сиднеј во почетокот на својата кариера се борела со модната индустрија бидејки отстапувала од нормалните стандарди, прифатени во индустријата.
– Сурфав на веб-сајтови за анорексија и барав совети – призна таа во 2011 година за магазинот Fabulous, и додаде дека почнала да се прегладнува себеси и се обидувала да се бори со класичните симптоми на оваа болест.
Откако наполнила 18 години, нејзиниот начин на размислување се променил и тогаш индустријата го забележала нејзиниот потенцијал. Таа потпиша договор со модна агенција за природни типови на тела и во 2011 се појави на насловната на француски Elle.
Веќе е дел од големото движење на модните инсајдери кои ја критикуваат индустријата за нездравите очекувања во однос на телата на моделите. Редовно го води својот блог „Робин Лоли јаде“, во кој секојдневно со читателите споделува рецепти и искуства во врска со храната.
– Едно тавче во Williams-Sonoma e 1000 долари. Нема да лажам, го сакам – неодамна напиша таа во еден свој блог-пост.
Откако го замени поранешниот водич на кампањата, моделот со облини Ола Јордан, која носи конфекциски број шест пати помал, Робин направи вистински бум со фотографиите што ги сними, и кои веднаш станаа вирални. Тие не ги разбудија симпатиите само кај женските поддржувачи. Облечена во розов сатен и градник со тантела, „нормално“ не е првата работа што би ви паднала на памет. Ниту, пак, „модел со полна фигура“.
Кампањата на Робин е доказ дека преслабите ангели на Victoria’s Secret не се единствените полуоблечени модели кои може да изгледаат секси. Потрошувачите, пак, ќе бидат задоволни што конечно ќе најдат долна облека наменета за да ги нагласи нивните облини, а не за да ги сокрие.
Кога станува збор за Робин, ова е наредниот чекор во нејзината кариера што ќе ја промени индустријата. [Vogue Model Robyn Lawley’s Plus-Size Lingerie Campaign. Total Game Changer]