Робен: Ова чувство не може да се опише

Херојот на Баерн Минхен, Аријан Робен не може да го сокрие задоволството по освојувањето на Лигата на Шампионите.

Робен во минатото важеше за голем трагичар, но овој пат беше херојот кој со погодок во финишот од натпреварот му го донесе големиот трофеј од Лигата на Шампионите на Баерн Минхен.

Минатата сезона Робен не реализираше пенал на Алијанц Арената, а Челзи го победи Баерн Минхен.

Емоциите кај Робен се големи, за разлика од претходно, овој пат многу позитивни.

„Има премногу емоции, особено поради големото разочарување кое го доживеавме минатата сезона” – изјави Робен по натпреварот.

„Минатите четири години, Баерн беше три пати во финале. Сега чувството е посебно. Не може да се опише”.

„Низ главата ми помина се. Тешо е да се каже, но не сакате да бидете губитник”.

Со трофеј во финалето од Купот на Германија кое Баерн го игра против Штутгарт, Баварците може да комплетираат тројна круна.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -