РКЕ ја информирала меѓународната заедница дека ВМРО-ДПМНЕ ѝ прави директен притисок врз работењето

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), со официјално писмо, ги информирала Секретаријатот на Енергетската заедница во Виена, но и дел од меѓународните дипломатски претставници во земјава, во врска со случувањата околу одлуката за поскапување на струјата донесена на 21 јули.

По донесувањето на Одлуката повремено се одржуваат протести во организација на собири на здруженија и граѓани и истите се легитимни, посочуваат од РКЕ, но протестот организиран од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, реагираат, претставува директен притисок врз нивната работа.

„Како претседател на Комисијата сакам да Ве уверам дека РКЕ е секогаш спремна за дијалог со сите заинтересирани страни, но секогаш ќе биде независна во своето одлучување и никогаш нема да потклекне под различни притисоци и влијанија. Одлуката на РКЕ е донесена врз основа на Законот за енергетика и соодветните подзаконски акти во коишто се инкорпорирани начелата на законодавството на Европската унија и европските стандарди, со анализирање на податоците за финансиското работење на вршителите на енергетските дејности.

Прочитајте и:  СДСМ: Христовски да даде објаснување за неговиот сертификат по англиски, вклучително и за тоа каде бил на денот на полагањето

Истовремено, со донесената одлука се обезбедува непречено функционирање на електроенергетскиот систем – сигурност, стабилност и доверливост во испораката на електрична енергија што е од особено значење токму во пресрет на зимскиот период.

Притоа, со донесената одлука се изврши значајно намалување на барањата на вршителите на енергетските дејности за покачување на цените на нивните услуги, односно не им се признати сите пријавени трошоци, освен оние за коишто РКЕ смета дека се оправдани“, пишува претседателот на Комисијата – Марко Бисломоски, во писмото.

Како што информираат од РКЕ, писмото било доставено до Секретаријатот на Енергетската заедница во Виена, како и до до Делегацијата на ЕУ и Амбасадата на САД во земјава.

- Реклама -