Од вчера РК Вардар има обновено лого. Истото ќе ги краси дресовите во кои актуелниот европски првак ќе ја брани шампионската титула во новата сезона, исто како што ги красеше дресовите со кои ракометарите се вратија од Келн.
Првата промена на логото од ваков тип се случи во 2017-та, кога Вардар ја освои првата титула во Лигата на шампионите. Сега на врвот на логото е додадена и втора ѕвезда, која, се разбира, ја симболизира оваа втората, посебно драга титула.
Уживајте во новото лого додека можете. Како тргнале, догодина може пак да го сменат – со трета ѕвезда!