Ривер Плејт трие раце за Енцо Фернандез – ги чека уште 30 милиони евра од трансферот!

Славниот аргентински клуб Ривер Плејт, кој од двата свои најголеми бисери Хулијан Алварез и Енцо Фернандес заработи годинава вкупно 40 милиони евра, сега трие раце од потенцијалниот џиновски трансфер на фудбалерот за врска Енцо, за кого веќе дојдоа во Бенфика две понуди од 127 милиони евра.

Според информациите од Аргентина, Ривер при продажбата на Енцо задржала уште 25 отсто од сопственоста, па за 75 отсто сопственост Бенфика платила 18 милиони евра, а сега ги чека дополнителен приход од максимум уште 30 милиони евра ако се реализира трансферот кој е в најава.

За Фернандес според најавите веќе има две конкретни понуди од 127 милиони евра на адреса на Бенфика, а медиумите најавија дека станува збор за тие на Челси и Манчестер јунјатед, но уште неколку клубови беа силно заинтересирани и најавија дека ќе испратат официјални понуди.

- Реклама -