По Лејди Гага, Амбер Роус, Бјорк и Ријана облече креација на македонскиот дизајнер Марјан Пејоски.
Во истите тренерки папараците ги уловија и Кание Вест и Виз Калифа.
Пејачката беше фотографирана во креација на KTZ на кошаркарски наптревар во Лос Анџелес. Сепак, ова не е првпат Ријана да се појави во креација на KTZ. На концерт во Франција таа носеше фустан од колекцијата есен/зима 2012 на овој бренд.
Пејоски е роден во Скопје во 1968 година, а заминал во Лондон во 1989 година каде што студирал за моден дизајнер. Во 1999 година тој го креираше популарниот фустан на пејачката Бјорк за црвениот килим на Оскарите. Тој е коосновач на Kokon To Zai или KTZ.
Лејди Гага и Амбер Роуз во креации на KTZ